Планирате да гледате меч на Унион Берлин? Подгответе си тест за Ковид-19, да биде негативен и не постар од 24 часа

Унион Берлин најави оригинална процедура за сите навивачи што ќе сакаат да ги гледаат нивните дуели во Бундеслигата идната сезона на „Ан дер Алтен Форстереј“ стадионот во Кепеник.

Секој посетител што ќе биде на трибините, претходно ќе мора на влезот на стадионот покрај билет да покаже и документ со кој ќе потврди дека има негативен тест на Ковид-19 и тоа не постар од 24 часа.

Капацитетот на популарниот „Форестер“ во берлинската шума на областа Кепеник има капацитет од 22.012 места и во сезоната што заврши беше речиси постојано полн.

За дуелите на Унион Берлин во историската прва сезона за клубот во Бундеслигата се бараша билет повеќе и владееше неверијатен интерес од страна на навивачите.

Атмосферата беше спектакуларна, а сличен интерес се очекува и за следната сезона, иако сега мерките ќе бидат многу строги и со обврска да се прави тест на Ковид-19 и тој да биде негативен и не постар од еден ден пред почетокот на мечот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести