Антоан Гриезман вечерва ќе биде официјално претставен како нов играч на Барселона, а откако потпиша за каталонците, стана омразена личност меѓу фановите на Атлетико кои го обожуваа додека играше за „јорганџиите“.
Од миленик, тој преку ноќ стана „персона нон грата“, но самиот е виновен за тоа, поради начинот на кој го напушти мадридскиот клуб. Дека на навивачите на Атлетико не им се допадна тоа штог направи 28-годишниот Французин, покажува и нивниот однос кон спомен плочата пред стадионот „Ванда метрополитано“, која е посветена на Гризи.
Лутите фанови со налепници со обележја на Атлетико ја излепија плочата и сега името на Гриезман речиси и да не се гледа.
Ова не е првпат навивачите на шпанскиот вицепрвак вака да реагираат. Слична судбина имаше и плочата на Тибо Куртоа, откако белгискиот голман одлучи да се пресели во Реал Мадрид.