7.8 C
Skopje
петок, 16 јануари 2026

По 12 години поминати во Барселона, Тер Штеген оди на позајмица и тоа во град кој е одалечен само 100 км од „Камп ноу“

Голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген, е блиску до заминување од клубот речиси 12 години откако се приклучи на каталонскиот гигант. Германскиот голман ќе се пресели на позајмица до крајот на сезоната.

Оваа одлука за Тер Штеген да си оди од Барселона е во обид и да се спаси неговата репрезентативна кариера во германскиот дрес. Селекторот Јулијан Нагелсман и спортскиот директор Руди Волер постојано јасно ставаат до знаење дека оние кои ќе играат за националниот тим на Светското првенство ова лето, мора да бидат стандардни и во своите клубови.

Најавите се дека Тер Штеген нема да оди многу далеку од „Камп ноу“, затоа што во финална фаза е договорот за негова позајмица во тимот на Жирона. Тоа е клубот кој доаѓа од градот кој е само 100 километри одалечен од Барселона и е дел од Каталонија.

Актуелниот договор на Тер Штеген со Барселона е до јуни 2028 година.

- Оглас -

Најнови вести