По 12 победи по ред на домаќините, се најдоа јунаци кои ќе се радуваат на гости во плејофот

Минесота на свој терен со 105:93 славеше над тимот на Феникс и поведе со 2:0 во победи, во првата рунда од НБА плејфот. Победата на Минесота беше вкупно 12-та по ред на домашни екипи откако започна разигрувањето.

Феникс водеше со 63:62 во третата четвртина, кога следуваше добра игра на домаќините и со серија од 10:0 стигнаа до 72:63. Од тој момент па до крајот, Минесота ниту еднаш не му дозволи на противникот да се понадева дека може да победи. Предводници на победничката екипа беа Мекданиелс со 20 поени, како и Конли и Гоберт кои завршија со по 18 поени. Кај Феникс најефикасен беше Букер со 20 поени, а Дурант заврши со 18 поени.

Прв тим во овогодинешниот плејофот што победи на гости е Индијана и тоа на теренот на Милвоки со 125:108. Со оваа победа на гостите, заврши доминацијата на домашните екипи, кои имаа 12 триумфи по ред во плејфот.

Сиакам со 37 поени и 11 скокови беше предводник на Индијана, а одличен беше и Тарнер со 22 поени. Лилард со 34 поени и Лопес со 22 беа најдобри кај Милвоки, но тоа не беше доволно Бакси да стигнат до втората победа во оваа серија.

На гостински терен се радуваше и Далас и тоа на теренот на Лос Анџелес клиперс. Маверикси беа подобри со 96:93, а очекувано најдобар кај победничкиот тим беше Лука Дончиќ. Словенецот заврши со 32 поени, а одлично го следеше и Ирвинг со 23 поени. Тоа значи дека Дончиќ и Ирвинг комбинирано постигнаа 55 од 96-те поени на гостите.

- Оглас -

Најнови вести