По 40 години забрана, дадена е дозвола жените да одат на стадион

Во Иран, во последните 40 години беше забрането жени да одат на стадиони и да гледаат машки фудбал. Таа повеќедецениска забрана конечно ќе се промени. Светската фудбалска федерација (ФИФА) изврши притисок за да биде дадена дозвола и жени да одат на стадион.

Иранците попуштија и дозволија жени да има на стадионот за репрезентативниот дуел меѓу Иран и Камбоџа во квалификациите за пласман на Светското првенство 2020 година. На стадионот „Азади“, кој има капацитет од 78.000 гледачи, ќе има 3.500 жени. Толку билети се пуштени во продажба за влез на жени. Сите тие влезници многу брзо беа продадени, а интересот беше огромен.

Само пред неколку месеци, една 29-годишна жена почина откако се самозапали пред Судот во знак на протест. Таа доби затворска казна од шест години откако беше фатена како гледа фудбал на стадион, преправена во машко. Жената почина, но битката е добиена. Жените добија право да гледаат фудбал на стадион во Иран.

 

 

- Оглас -

Најнови вести