По Атман, Вардар потпиша со уште еден руски репрезентативец

Сергеј Горпишин е рускиот репрезентативец кој ќе му се приклучи на сонародникот Павел Атман во редовите на Вардар како нови играчи во црвено-црниот дрес. Горпишин има 21 година и игра на пикерската позиција. Доаѓа од бундеслигашот Ерланген, каде што настапуваше во последниве две сезони.

Ако Горпишин денеска се дозна дека ќе го облече вардаровиот дрес, веста дека Атман ќе игра за европскиот првак стигна уште вчера. Искусниот 32-годишен лев бек во минатото ги бранеше боите на Металург, така што нема да му биде потребно време да се навикне на Скопје и Македонија. И Атман минатата сезона играше во Бундеслигата, и тоа во тимот на Хановер.

Претходно, Вардар го имаше договорено и новото голманско засилување, а тоа е репрезентативниот голман на Летонија, Артурс Кугис.

- Оглас -

Најнови вести