Челзи минимално со 1:0 славеше над Манчестер јунајтед, во меч од 37 коло. Лондонскиот тим стигна до победа благодарение на голот на Марк Кукуреља во 71 минута од мечот.
Тој погодок на дефанзивецот на Челзи се покажа како решавачки за победа и радост на домашните навивачи на мечот кој се играше на „Стемфорд бриџ“ во Лондон. По оваа победа, Челзи стигна до 66 бодови и тимот останува во трка за место кое води во Лигата на шампиони за следната сезона.
Моментално на табелата Арсенал кој е втор има 68 бодови од 36 меча, а потоа следува Њукасл со 66 бодови од 36 меча. Со 66 бодови се и Челзи и Астон вила по од 37 натпревари, додека Манчестер сити има 65 бодови, но од 36 средби. Со свои шанси е и Нотиннем форест кој има 62 бодови од 36 натпревари.
На дното на табелата јасо е кои три клубови ќе испаднат, неверојатно е дека Тотенхем е на 17-тото место со само 38 бодови од 37 меча, а една позиција над нив е Манчестер јунајтед со 39 бодови од 37 средби.
Токму Манчестер јунајтед и Челзи ќе играат во финалето во Лига на Европа, па победникот од овој меч, следната сезона ќе игра во Лига на шампиони.