По финалето во Лисабон, Тијаго Силва се сели во Лондон?

Тијаго Силва во недела ќе го одигра последниот натпревар во дресот на ПСЖ, а судбината сакаше тоа да биде финалето во ЛШ, односно битка за најпрестижниот трофеј на Стариот континент.

Бразилецот како капитен ќе ги води Светците во нивниот најважен меч во клупската историја, а потоа многу веројатно Силва ќе се пресели на Островот. Одредени шпекулации тврдат дека агентот на 35-годишниот стопер пред неколку дена го понудил својот клиент на Челзи.

На Лампард му се укажа прилика да ангажира квалитетен и искусен дефанзивец со кого дефинитивно ќе ја зацврсти последната линија, каде што Челзи е најранлив. Силва ќе донесе одлука околу својата иднина по финалето против Баерн Минхен, во кое и да слави победа нема да му гарантира останување во Париз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести