По Хари Кејн, Баерн Минхен купи уште еден играч од Тотенхем

Актуелниот германски првак Баерн Минхен во продолжение од сезоната ќе биде посилен за уште еден фудбалер кој досега настапуваше во Премиер лигата. По доаѓањето на Хари Кејн од Тотенхем, во овој преоден рок се случи уште еден договор според кој, Ерик Дајер во следниот период ќе го носи дресот на најтрофејниот германски клуб.

Дајер, кој игра на позицијата стопер и дефанзивен играч за врска, исто како и Кејн досега во кариерата немаше можност да се радува на некој трофеј, па облекувањето на дресот на Баерн Минхен е гаранција дека тоа ќе се случи во Минхен.

Потребно е само уште да се завршат лекарските прегледи за да може да се каже дека и официјално овој трансфер е комплетиран.

https://twitter.com/i/status/1745390866661839014

- Оглас -

Најнови вести