По киксот со Парма: Тренерот на Интер се жали, му требаат нови играчи

Интер пропушти шанса да се искачи на врвот на табелата во италијанската Серија А, откако одигра 2:2 на „Џузепе Меаца“ против Парма. Нераѕурите може да бидат и среќни со освоениот бод, ако се знае дека гостите беа во предност. По разочарувачкото реми, тренерот на Интер, Антонио Конте најави дека се потребни освежувања во составот.

„Не е лесно да се игра меч на секои три дена, а на теренот да се секогаш истите играчи. Тие се трошат и ментално и физички.Треба да поразговарам со челниците и да видиме на кои позиции може да доведеме нови играчи“, рече Конте, кој потенцираше дека во следните денови, Нераѕурите ќе мора да одиграат четири тешки меча за кратко време.

„Сега имаме четири важни меча за само 12 дена и секако дека сум загрижен. Тоа се дуели од првенството и од Лигата на шампиони, две натпреварувања кои се многу напорни. Интер е сериозен тим и не може да си дозволи само да учествува“, додава Конте.

До ноемвриските репрезентативни дуели, Интер ќе игра против Бреша и Болоња во гости во Серија А. а дома против Верона, а ќе гостува и кај Борусија Дортмунд во Лигата на шампиони.

 

- Оглас -

Најнови вести