По кратка постапка: австралискиот владетел Ѓоковиќ го уништи Медведев!

Данил Медведев ќе мора да почека некоја следна прилика за да го освои својот прв грен-слем трофеј во кариерата. Тој беше во добра форма, имаше 20 победи по ред и веруваше дека може да слави на ОП на Австралија, но за негова несреќа противник му беше Новак Ѓоковиќ кој по деветти пат без загубено финале, го освои трофејот во Мелбурн.

Ѓоковиќ за помалку од два часа игра, го надигра Медведев со 7-5, 6-2, 6-2, ја доби психолошката битка, и дојде до 18-тиот гренлем трофеј во кариерата. Половината од овие пехари му се токму од австралискиот гренслем, и сега е на два помалку од Роџер Федерер и Рафаел Надал.

Клучен беше финишот на првиот и почетокот на вториот сет. Тоа беа периоди во кои Ѓоковиќ создаде предност, по која Медведев сфати дека нема ништо од победа и беше беспомошен. На Новак само еднаш во кариерата и тоа на „Ролан Гарос“ во 2010 година против Јирген Мелцер му се има случено да води со 2-0, а да загуби до 2-3 на гренслемите.

- Оглас -

Најнови вести