По авантурата во Јувентус, Пирло најави дека е подготвен за нов предизвик

Андреа Пирло беше одличен фудбалер, а сега сака да се докаже и како тренер. Легендарниот Пирло минатата сезона доби шанса да бие предводник на Јувентус и тоа му беше прва работа во некој сениорски тим. Пирло ја заврши сезоната со два трофеи. Најпрво се радуваше на пехарот во Суперкупот, а потоа Јувентус го освои и Купот на Италија.

Сепак, фактот дека Јувентус по деветгодишна доминација, минатата сезона не успеа да ја одбрани титулата во Серија А, беше знак дека Пирло треба да си замине. Во 52 меча како тренер, Пирло со Јувентус имаше 34 победи, 10 нерешени и осум порази, што му донесе 65 отсто победи.

По неколкуте месеци пауза по добиениот отказ, Пирло најавува дека сега е подготвен за нови предизвици. Се шпекулира дека тој може да биде тренер во некој тим во американското првенство. МЛС-шампионат е добро познат за Пирло затоа што играчката кариера ја заврши токму во екипата на Њујорк сити.

„Не ја исклучувам можноста да заминам во МЛС. Тоа е одлична лига. Имав среќа да играм таму и можам да кажам дека фудбалот многу напредува во САД. Има многу Американци кои денеска играат во најсилните клубови како Јувентус, Барселона и Челзи. Ако може да играат во тие клубови, тоа доволно зборува за нивниот потенцијал. Постојано гледам натпревари и ги анализирам. Подготвен сум за нова авантура“, рече Пирло.

 

- Оглас -

Најнови вести