Арсенал вчера ја продолжи соработката со Давид Луис на уште една година, а во таборот на Топчиите се очекуваат два нови потписи. Имено, менаџерот Микел Артета одлучи да ги задржи одбранбените играчи Пабло Мари и Седрик Соареш, кои оваа сезона се позајмени на „Емирати“ од Фламенго, односно Саутхемптон.
И двајцата треба да потпишат четиригодишни договори, а доколку прифатат, клубот ќе треба да ги откупи нивните договори. Во меѓувреме, Арсенал исто така работи на случајот да го задржи Дани Себалјос, шпанскиот играч за врска кој оваа сезона исто така ги брани боите на клубот од Лондон како позајмен играч од Реал Мадрид.