Му го простија фијаското против Сити: Давид Луис добива нов договор

Арсенал во најскоро време треба да ги соопшти вестите околу продолжувањето на соработката со Давид Луис. Иако се чинеше дека искусниот бразилски стопер ќе си замине од „Емирати“ по крајот на сезоната, особено по фијаското против Манчестер сити, очигледно се изборил за нов договор според кој ќе игра за Топчиите и следната сезона.

Луис минатото лето од западниот дел од Лондон се пресели на северната страна, менувајќи го синиот дрес од Челзи со црвениот на градскиот ривал за сума од 7 милиони фунти. Во тековната сезона запиша вкупно 33 настапи во сите натпреварувања со два реализирани гола и една асистенција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести