13.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

По мерак за оние кои се обложуваат: Сите фаворити победија и на сите меча имаше барем три гола

Без многу мака, Барселона, Јувентус, Челзи и Борусија Дортмунд победија во третото коло од Лигата на шампионите. Фаворитите ја оправдаа улогата за радост на оние кои играат на сигурни типови во обложувалниците. Едноставно немаше „каде да се падне“, ако се знае дека и сите натпревари завршија барем со по три погодоци, па добитни се и оние кои играат на повеќе погодоци.

Барселона не сакаше да форсира против Динамо Киев и победи само со 2:1 благодарение на головите на Лионел Меси и Жарарт Пике. На овој меч чудо е што промаши Антоан Гриезман.

Јувентус даде четири, а прими само еден гол на гости кај Ференцварош за сугурна „двојка“. По два погодоци дадоа Алваро Мората и Пауло Дибала, а посебно смешни беа головите кои ги постигна аргентинскиот голгетер.

Челзи и Борусија Дортмунд со по 3:0 ги победија Рен, односно  Бриж. Двата фаворити уште во првите 45 минути најавија дека ќе се радуваат. Тимо Вернер даде два гола од пенал за Челзи во првото полувреме, а еднаш во вториот дел погоди Абрахам. Ерлинг Халанд даде два гола, а еднаш погоди Торган Азар за лесни 3:0 на Борусија Дортмунд на гости кај Бриж.

Најнеизвесно беше во Севилја, каде што домашниот тим со пресврт стигна до победа против Краснодар. Гостите водеа со 2:0 само по 20 минути игра, но Севилја не се предаде. Иван Ракитиќ погоди за 1:2 на полувреме, а во вториот дел два гола постигна Ен Несири. Подвигот на Севилја е позначаен ако се знае дека цело второ полувреме го одиграа со играч помалку по исклучувањето на Навас.

Пресврт имаше и на дуелот Лајпциг – ПСЖ. Гостите поведоа со погодокот на Анхел ди Марија, но Аргентинецот подоцна промаши пенал за 2:0. Тоа го искористија играчите на Лајпциг и до крајот на дуелот направија комплетен пресврт и се радуваа со 2:1. Оваа победа на Лајпциг не е изненадување ако се знае дека кај Светците недостасуваа Нејмар, Мбапе, Верати, Икарди и уште неколку важни играчи.

- Оглас -

Најнови вести