Две бизарни грешки на голманот за два лесни гола на Дибала (Видео)

Пауло Дибала не простува кога противникот ќе му даде подарок, а тоа се потврди и вечерва на гостувањето кај Ференцварош. Аргентинскиот голгетер во игра влезе во 67-мата минута, а само 15 минути подоцна веќе двапати ја затресе мрежата на домашниот голман.

Голманот на Ференцварош, Дибуз, како да му подаруваше топки на Дибала да погодува. Во првата ситуација, голманот не успеа да исконтролира една топка, а Дибала погоди на празен гол. Неколку минути подоцна, Дибуз му ја додаде топката на Дибала, а голгетерот на Јувентус повторно донесе радост за гостите и водство од 4:0 на неколку минути до крајот на мечот.

 

- Оглас -

Најнови вести