По Нејмар, и Верати го пропушта дуелот со Манчестер јунајтед?

Како да не беше доволно голем проблем за ПСЖ што остана без Нејмар за претстојните дуели против Манчестер јунајтед во Лигата на шампионите, па Томас Тухел нема да смета ниту на Марко Верати за гостувањето на „Олд Трафорд“ во вторник.

Италијанскиот играч за врска веќе извесно време е надвор погон поради повреда на глуждот, а наместо да закрепне тој ја обновил истата повреда и многу веројатно нема да биде подготвен за настап на првата осминафинална средба против „црвените ѓаволи“.

Оваа незгода го остави Тухел без опции во средината, па ќе мора да крпи состав, а не се исклучува можноста да го врати во составот Адриен Рабио, францускиот фудбалер кој е отсечен од првиот тим поради одбивање да потпише нов договор со „светците“.

Јунајтед во вторник, 21 часот, го пречекува тимот на ПСЖ во првиот дуел од осминафиналето во ЛШ.

- Оглас -

Најнови вести