Најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија, Вардар, започнува со процесот на одблокирање на сметката, соопштуваат од таборот на скопскиот тим. Цели осум години Вардар функционираше, одосно се одржуваше во живот со блокирана сметка.
По доаѓањето на новото раководство, еден од главните приоритети беше да се стави крај на таквото работење и конечно сметката да биде функционална.
Како што соопштуваат од црвено-црниот табор, денеска стартуваат два договора. „Со приложена 120% гаранција исплаќање на долгот кон УЈП на 36 рати и исплаќање на долгот кон АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор на 10 рати“, објаснуваат од АД ФК Вардар Скопје.