По победата над Пелистер, Алкалоид го „реши“ и Вардар

Екипата на Алкалоид го доби ракометнот дерби во првото коло на македонската лига, откако во салата во Автокоманда со 33:30 славеше над Вардар. Со оваа победа Алкалоид го продолжува одличното отворање на сезоната. Пред само неколку дена, Алкалоид славеше над Пелистер во Суперкупот и избраниците на Кирил Лазаров се израдуваа на првиот трофеј сезонава, за сега да го победат и вториот голем ривал, Вардар.

Интересно и неизвесно беше во дербито, посебно во првото полувреме. Алкалоид почесто ја имаше контролата на резултатот, а првата посериозна предност ја имаше со предност од три гола (8:5). Вардар се врати во игра, стигна и до водство од 16.15, но на полувреме, Алкалоид замина со предност од 18:17.

На почетокот на второто полувреме беше нерешено и се играше гол за гол на двете страни. Беше 21:21 во 36 минута кога Алкалоид ја направи серијата која на крајот се покажа и како клучна. Домаќините постигнаа четири погодоци во низа и стигнаа до највисоко водство од четири разлила (25:21) во 41 минута.

Оваа предност Алкалоид ја одржуваше и до 49 минута (29:25). Вардар намали на 30:28 во 55 минута, но гостите немаа сили да се спасат од пораз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести