По повредата на Левандовски, Баерн треба да добие нов херој

Филипе Кутињо треба да добие место во стартниот тим на следните неколку меча на Баерн Минхен. Бразилецот кој се мачи да се наметне во првите 11, треба да биде на местото на повредениот Роберт Левандовски. Најдобриот играч на Баерн заработи повреда на левото колено и ќе мора да мирува во следните месец дена.

Тренерот на Баерн, Ханзи Флик најави дека Кутињо ќе биде стартер на денешниот меч против Хофенхајм и очекува Кариоката да се наметне во следните неколку дуели. Кутињо всушност ќе застане на местото на Томас Милер или Серж Гнабри кои ќе бидат прекомандувани како најистурени во нападот, а Кутињо ќе делува како напаѓач од сенка.

„Филипе дефинитивно ќе биде стартер. Тој ќе добие шанса да го покаже својот квалитет. Добар е на тренинзите и очекувам на терен да покаже колку вреди“, рече стартегот на Баерн, Флик.

 

- Оглас -

Најнови вести