10.8 C
Skopje
четврток, 9 октомври 2025

По препорака на МВР, одложено дербито Шкендија – Вардар, но и сите останати фудбалски мечеви за тоа коло

Фудбалското дерби меѓу Шкендија и Вардар кое требаше да се игра на 18 октомври ќе биде одложено. И не само тој меч, туку и сите останати фудбалски активности кои беа предвидени за тој период нема да се одиграат, а причината е едноставна, локалните избори кои ќе бидат во Македонија.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) стигнала препорака дека во периодот од 14 до 20 октомври да се минимизираат спортските активности во земјата. Од ФФМ веднаш ја прифатиле препораката и мечевите кои требаше да се играат во следното 10-то коло се одложени.

Според планираното, на 17 октомври требаше да играат: Силекс – Пелистер, Струга – Брера, а за 18 октомври беа закажани дуелите: Работнички – Македонија ЃП и Шкендија – Вардар. На 20 октомври требаше да се сретнат Башкими – Шкупи и Тиквеш – Арсими.

Освен дуелите во Првата лига, откажани се и останатите фудбалски активности. Се очекува во скоро време препораката од МВР да не се играат спортски натпревари во периодот од 14 до 20 октомври да ја прифатат и од останатите федерации.

- Оглас -

Најнови вести