Само по 45 минути, Ливерпул може да мисли и на полуфиналето во ЛШ, Атлетико има бетонска одбрана во Манчестер

Ливерпул води со 2:0 на гостувањето кај Бенфика во првиот меч од четвртфиналето во Лигата на шампионите, додека Манчестер сити и Атлетико Мадрид играат без голови по првите 45 минути на дуелот во Англија.

Тимот на Јирген Клоп само по едно полувреме, покажа дека е голем фаворит против Бенфика и со головите на Кануте и Мане има предност од два гола. Изненадувачки беше фактот дека Кануте прв ја затресе мрежата на дуелот во Лисабон, но Французинот одлично реагираше со глава по корнерот што го изведе Робертсон во 17-тата минута.

Точно 17 минути по првиот гол, Ливерпул повторно се радуваше. Перфектна акција во три потези изведоа гостите, а на крајот Мане беше реализатор за 2:0. Мохамед Салах имаше добра шанса и за трет гол на гостите, но и овој резултат е одлична залиха само по едно полувреме од овој двомеч.

Манчестер сити не успеа да ја скрши гранитната одбрана на Атлетико Мадрид, па Граѓаните џабе имаат 70 отсто посед на топка по првиот дел, кога не упатија ниту еден прецизен удар кон голот на гостите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести