По Селтик, Миовски му даде гол и на Ренџерс (Видео)

Македонскиот репрезентативец игра одлично во дресот на Абердин, а посебно е расположен во дуелите со шкотските гиганти Селтик и Ренџерс.

Откако пред три дена му даде гол на Селтик во ремито од 1:1, Миовски вечерва го стресе и Ренџерс. Ова воедно е трет гол за Миовски во трите последни меча за својот тим бидејќи се запиша во листата на стрелци и во дуелот со Данди (1:1).

На полувреме од дуелот од 25-тото коло во шкотската Премиер лига, Ренџерс и Абердин играат 1:1, а Миовски го постигна голот за својот тим во последните моменти од првиот дел.

Претходно Ренџерс поведе со голот на Матондо.

- Оглас -

Најнови вести