По три години и три дена, Азар го прекина постот во ЛШ (видео)

Реал Мадрид е во резултатска предност од 1-0 во дербито против Интер на гостувањето на „Џузепе Меаца“ благодарение на погодокот на Еден Азар од белата точка во седмата минута.

Белгискиот ас ја презеде одговорноста да го изведе пеналот кој го направи Барелоа, во отсуство на капитенот Рамос, па на тој начин успеа да го прекине постот без погодок во ЛШ кој му траеше три години и три дена.

Точно од 22 ноември 2017 година Азар беше без погодок во најелитното европско натпреварување, кога во дресот на Челзи заби во победата од 4-0 над Карабах.

Во меѓувреме, Интер остана со играч помалку на терените откако Артуро Видал доби втор жолт картон за протест, оставајќи го тимот на Конте на цедило во клучниот меч.

Во останатите средби, Баерн Минхен поведе против Салцбруг, а со идентични 1-0 води и Порто на гости кај Марсеј.

- Оглас -

Најнови вести