По цели 17 години, во Топ 5 на АТП-листата се најде 19-годишен тенисер

Карлос Алкарас дефинитивно е големата надеж не само на шпанскиот туку и на светскиот тенис. Тинејџерот кој пред три месеци наполни 19 години, вчера првпат загуби во финале на еден АТП-турнир и во Хамбург мораше да му подаде рака на Лоренцо Мусети.

И покрај поразот во финалето, младиот Шпанец од денеска постигнува еден историски успех. Алкарас напредуваше една позиција на АТП-листата и сега е на петтото место, односно во Топ 5 во светот.

Тој е најмлад тенисер кој е дел од Топ 5 листата уште од 2005 година, кога Рафаел Надал влезе во ова елитно друштво и тоа пред да наполни 19 години. Многумина го споредуваат Алкарас со Надал, а тинејџерот со игрите и фактот дека веќе има титули од турнирите во Умак, Рио де Жанеиро, Барселона, Мајами и Мадрид е доказ дека се работи за играч кој ќе биде меѓу главните во годините коишто следат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести