Двајцата се големата тениска иднина – Мусети го урна митот за непобедливиот Алкарас и ја освои титулата во Хамбург

Лоренцо Мусети ја доби финалната битка на турнирот во Хамбург против Карлос Алкарас во меч на двајца тенисери на кои им предвидуваат блескава иднина.

Нешто повозрасниот Италијанец, кој има 20 години победи со 6:4, 6:7, 6:4 и е првиот тенисер што успеал во финале да го победи 18-годишниот Шпанец.

Дисега Алкарас немаше загубено финале на АТП турнирите, а во претходните пет обиди никој не успеа да му освои и сет, па влезе во финалниот меч во Хамбург со 5:0 во мечеви и 10:0 во сетови.

Мусети не искористи дури пет меч топки, но сепак успеа во драматично финале да ја претвори шесттата шанса во деби победа во финалињата и да ја освои првата титула во кариерата.

 

- Оглас -

Најнови вести