По УЕФА и Серија А го казни Мурињо

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, ќе го пропушти стартот на новата сезона во Серија А поради казната која ја доби денеска од Фудбалската федерација на Италија (ФИГЦ).

ФИГЦ му изрече десетдневна суспензија на Мурињо бидејќи судијата кој ја делеше правдата на мечот Рома – Монца одигран на 3-ти мај, го нарече „најлошиот судија кој го видел во кариерата“. Згора на тоа, Мурињо ќе мора да плати и парична казна во износ од 50.000 евра.

Минатата недела, УЕФА го суспендира Португалецот на четири меча бидејќи по завршување на финалниот натпревар во Лигата на Европа, го навредуваше судијата Ентони Тејлор. Португалецот не беше задоволен од судењето на Тејлор и по мечот го чекаше на паркингот на стадионот и го навредуваше судијата.

Рома во финалето на Лигата на Европа загуби од Севиља по подобро изведување на пенали.

- Оглас -

Најнови вести