Вечерва ќе се одиграат два натпревари од четвртфиналната плејоф-серијата во Евролигата во кои два тима имаат шанса да му се приклучат на Реал Мадрид на завршниот турнир.
Макаби Тел Авив и Барселона водат со 2-1 во победи против Панатинаикос и Олимпијакос и со евентуална победа ќе се пласираат на фајналфорот.
Макаби Тел Авив кој поради војната во Израел, своите натпревари како домаќин ги игра во Белград, на мечот пред два дена имаше поддршка од 1.000 навивачи и успеа да оствари победа која го приближи до завршниот турнир.
Панатинаикос нема избор, мора да оди на победа и квотите се на негова страна (1.72). Во третиот меч, Панатиникос успеа да се врати од негатива од 18 поени, но потклекна во финишот и дојде на работ на елиминација.
Барселона завчера го преживеа пеколот во салата „Мир и пријателство“ во Пиреја и го совлада Олимпијакос по продолжението од пет минути и тоа со 82:80.
Ако слави, Барселона ќе ја заврши работата, а доколку Олимпијакос победи, тогаш ќе се игра мајсторка во Шпанија.
Во Sport Life има богата понуда на кошаркари на кои може да се обложите колку поени ќе имаат. Тука се 30-мина играчи на кои може да погодувате колку поени ќе имаат, 11-мина играчи има во понудата „плус-минус“ асистенции, а 18-мина се во понудата за број на скокови.