Пет меча кои денеска ќе се играат во рамките од четвртото коло во Лигата на шампионите се дел од понудата во Квотите на денот, а ако сите понудени комбинации се одиграат на еден тикет, вкупниот коефициент кој ќе го добиете е 40.76.
Вилјареал гостува кај Пафос и шпанскиот тим да води на полувреме на Кипар е со квота од 1.85.
Њукасл треба да го победи Атлетик Билбао во меч на кој ќе бидат постигнати од два до пет погодоци за да биде добитна комбинацијата која се вреднува со коефициент од 1.90.
Манчестер сити да слави во дербито против Борусија Дортмунд и во второто полувреме да има повеќе голови отколку во првото, носи квота од 2.35.
Барселона е фаворит за победа на гости кај Бриж, па затоа понудата е гостите да постигнат барем еден погодок во првиот дел, а на крајот да има 3+ погодоци во мрежата на Бриж. Оваа комбинација е со квота од 2.35.
Ајакс и Галатасарај треба да одиграат меч на кој ќе има победник и двата тима ќе дадат барем по еден погодок, комбинација која се вреднува со квота од 2.10.


