Победа на У-19 репрезентацијата на Македонија против БиХ

Фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 19 години, ги победи врсниците од Босна и Херцеговина со 2-0 во втората контрола во Скопје, откако завчера Босанците беа поуспешни со истиот резултат.

Денеска избраниците на селекторот Тони Јакимовски беа подобри. Победата ја најави Лорик Каба Јакупи, а вториот гол падна во самиот финиш, во 94-та минута, стрелец беше Љиварека.

- Оглас -

Најнови вести