Победа над Гвинеја за подобар пласман на Македонија во однос на претходното СП

Македонската ракометна репрезентација ја совлада Гвинеја со 29-20 и ја оствари целта да влезе во втората фаза, мешу 24-те најдобри на Светското првенство во Вараждин, Хрватска.

Ова беше рутински триумф на избраниците на Кирил Лазаров, но малку подолго од очекуваното и посакуваното траеше кршењето на отпорот на ривалот.

Во првото коло од втората фаза, задутре во вторник, Македонија веројатно ќе игра со Австрија од 18 часот, или Катар од 20.30 часот, а кој ќе ни биде ривал ќе се знае после вечерашниот меч помеѓу Унгарија и Холандија. Ако победат Холанѓаните со двоцифрена разлика, ќе бидеме и втори во групата поради подобра гол-разлика од Унгарија, но ќе ни треба мало чудо за тоа да се оствари.

На дуелот со Гвинеја се истакнаа Филип Кузмановски со 12 голови и Марко Кизиќ со 15 одбрани.

- Оглас -

Најнови вести