26.8 C
Skopje
понеделник, 15 септември 2025

Победата на Арсенал донесе загарантиран петти англиски тим во ЛШ следната сезона

Англиската Премиер лига во следната сезона на Лигата на шампионите ќе има минимум пет тима, а бројката може да отиде дури и на седум.

Победата на Арсенал над Реал Мадрид значеше дека Англија има коефициент во рангирањето на УЕФА кој е доволен за клуб плус и од четири гарантирани, добија и петти.

Ако Лигата на Европа ја освојат Тотенхем или Манчестер јунајтед, тоа би било шести претставник на Англија во ЛШ, а доколку Лигата на шампионите сезонава ја освои Астон вила, а тие не бидат во топ 5 во Премиер лигата, тогаш Англија би добила дури и седми претставник.

- Оглас -

Најнови вести