Кога игра на свој терен, Бразил секогаш е фаворит за победа, без разлика кој е ривалот. Кариоките ноќеска во 2:30 часот играат против Боливија, во меч со кој стартува јужноамериканското првенство, популарната Копа Америка. Иако во текот на целиот турнир Бразил ќе биде без првата ѕвезда, Нејмар, домаќинот на ова првенство е прв фаворит за освојување на трофејот.
Боливија нема дадено ниту еден гол на последните три меча против Бразил, а вкупно девет пати ја вадела топката од својата мрежа. Овој меч за Кариоките има двојно значење. Освен што секогаш е многу важно да се стартува со победа на големо натпреварување, за дополнителна самодоверба, Бразил е во исчекување на јубилејната 100-та победа во историјата на Копа Америка.
Досега Бразил на 178 средби има 99 победи, 35 нерешени и 44 порази со гол разлика, 405 дадени и 200 примени голови. Според бројот на победи, рекордер е Аргентина со 120 триуфи во 189 мечеви, додека рекордер по бројот на одиграни дуели на Копа Америка е Уругвај. Најтрофејната нација на Копа Америка има 197 средби, во кои билансот е 108 победи,34 реми и 55 порази.