Деталите од гласањето за Златната топка ќе бидат објавени в сабота, во печатеното издание на магазинот „Франс фудбал“, кој е организатор на изборот, но откриено е дека победата на Усман Дембеле била убедлива.
Секој од 100-те новинари (по еден од секоја од земјите кои се на првите 100 позиции на ран- листата на ФИФА) кои учествуваа во гласањето имаше право да додели поени за десетмина фудбалери, и тоа 15 бода за прво место, 12 за второ, 10 за трето, 8 за четврто, 7 за петто, итн.
Венсан Гарсија, кој е главен уредник на „Франс фудбал“, откри дека Дембеле бил јасен и недвосмислен победник, триумфот бил со голема разлика. Тој нагласи дека и други играчи на ПСЖ добиле по 15 поени, но големото мнозинство се определило за Французинот. Освен тоа, Гарсија рече и дека Дембеле победил со голема разлика во гласовите на сите континенти.