Веднаш по завршувањето на финалето во Лига на шампиони на кое Пари Сен Жермен на доминантен начин со 5:0 го победи Интер, фановите на францускиот првак направија спектакуларна кореографија и тоа специјално за тренерот Луис Енрике.
Стратегот на Барселона во 2019 година ја загуби неговата ќерка Хана која имаше само девет години. Само четири години претходно Енрике со Хана на теренот ја прославуваа титулата на Барселона во Лига на шампиони. Ќеркичката тогаш го вееше знамето на Барселона.
Фановите на ПСЖ многу добро знаат колку Енрике беше поврзан со Хана и направија спектакуларна кореографија на која се Енрике и неговата почината ќеркичка како слават на теренот, со знаме на ПСЖ.
Хана физички не е покрај Енрике, но оваа кореографија потсети дека таа вечно живее. Тренерот на ПСЖ не можеше да ги сопре емоциите кога ја виде кореографијата.
I’m not crying, you’re crying 🥹
PSG fans’ tifo in honor of Luis Enrique’s late daughter, Xana ❤️ pic.twitter.com/FDvSkLdxWx
— Ligue 1 English (@Ligue1_ENG) May 31, 2025