Побрз и од молња: Младиот Дејвис постави рекорд во Бундеслигата

Баерн Минхен во овие моменти е на прагот и математички да ја одбрани титулата во Бундеслигата со предноста од 1-0 на гостувањето кај Вердер Бремен. Левандовски им донесе на Баварците предност во 43-тата минута, а на овој меч еден играч на Баерн постави бундеслигашки рекорд за брзина.

Младиот бек Алфонсо Дејвис достигна максимална брзина од 36,51 километар на час, најмногу откако во германскиот шампионат се мери оваа статистика. Канаѓанецот на прекар го викаат Флеш, име карактеристично за поранешната НБА-ѕвезда Двејн Вејд, а сега и Дејвис го оправда прекарот.

- Оглас -

Најнови вести