23.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Почетни состави: Милевски речиси со истите коишто водеа 2-1 против Украина, Мегваер стартер кај Англија!

Македонската фудбалска репрезентација на вечерашното гостување кај Англија ќе тргне со истите стартери кои го почнаа и мечот против Украина, со тоа што на местото на суспендираниот Висар Муслиу е Дарко Велковски.

Тоа се 11-темина (со единствена разлика Велковски наместо Муслиу) кои додека беа на терен, водеа со 2-1 против Украина, а кога почнаа измените, Украинците ни направија пресврт во Скопје.

Англискиот селектор Герет Саутгејт во нападот ќе ги користи Кејн, Рашфорд и Сака, а во одбраната е киксерот Мегваер, но и двајца членови на Манчестер сити, Вокер и Стоунс.

 

 

- Оглас -

Најнови вести