27.8 C
Skopje
вторник, 15 јули 2025

Почина боксерот кој претрпе серија силни удари, судијата доцна го прекина мечот (Видео)

Младиот ирски боксер Џон Куни (28 години) почина по мечот против Нејтан Хауелс и тоа поради тешките повреди заработени од ударите во главата. Куни беше во подредена состојба во рингот, но и покрај многуте силни удари остануваше и продолжуваше да боксува.

Сепак, серија од 20 силни удари зададени едно по друго и тоа директно во главта, беше причина да реагира судијата и да го прекине мечот во деветата рунда. Иако на видео снимката не се гледа ништо драматично и делува дека се е во рамките на нормалното за бокс меч, сепак ударите биле многу опасни, а повредите на главата биле кобни. Седум дена по тој меч, Куни почина.

- Оглас -

Најнови вести