Јужноафриканскиот боксер Симисо Бутелези ја загуби најважната битка. Почина како последица од ударите здобиени на дуелот против неговиот сонародник Сифесил Мнтунгва.
Во текот на 10-тата рунда, Бутелези во еден момент изненадно се сврте на другата страна и почна да удира во празно, кон замислен противник. Судијата веднаш го прекина мечот, а Бутелези беше пренесен во болница и ставен беше во индуцирана кома.
За жал, од болницата пристинаа лоши вести.
„Со голема тага за Боксот во Јужна Африка и семејството Бутелези, известуваме дека Симисо Бутелези почина во боницата во Дурбан“, стои во официјалното соопштение.
Боксерот се здобил со потрес на мозокот, кој резултирал со внатрешно крварење и иако биле направени сите напори да биде спасен, за жал, тој починал. Бутелези имаше само 24 години.