Почина Џаро, некогашниот легендарен „крал на фудбалските местенки“

По кусо боледување, денеска на 75-годишна возраст почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите естрадни менаџери на просторите на бивша Југославија, а беше познат и како „крал на местенките“, велеше дека учествувал во местење на резултатот на 80 фудбалски мечеви.

Интересно е дека никогаш не криеше и отворено зборуваше за местењето. Најлегендарно местење му е она од далечната 1971 година, кога договорил фудбалскиот меч Лескоец – Велгошти да заврши со неверојатен резултат од 134-0.

Во долгата кариера како менаџер организирал над 5.000 концерти и турнеи на најпознатите пејачи и пејачки од просторите на екс-Југославија. За него е напишана и книгата „Џаро – живот на коцка“, во која се раскажани многу анегдоти од времето кога „оперираше“.

- Оглас -

Најнови вести