Почина една од најголемите тениски икони, човекот кој ги откри и ги тренираше Агаси, Шарапова, Хингис, Селеш, сестрите Вилијамс…

Еден од најпознатите тениски тренери во историјата, Ник Болитиери, по долга борба со тешката болест, почина на 91-годишна возраст.

Болитиери имаше проблеми со инфекција на бубрезите, а дека здравствената состојба е тешка, неодамна откри неговата ќерка, која на социјалните мрежи напиша дека се подготвуваат за негово заминување од овој свет.

Веста за смртта на еден од најценетите и најдобрите тениски тренери во историјата ја потврди поранешниот тенисер, Томи Хас.

Академијата на Ник Болитиери е најпозната во светот на тенисот и легендарниот тренер е најзаслужен за откривањето и развојот на едни од најдобрите тенисери на сите времиња, како Андре Агаси, Моника Селеш, Марија Шарапова, Мартина Хингис, Џим Куриер, Серена и Венус Вилијамс…

- Оглас -

Најнови вести