Почина фудбалерот на Шкупи Андреј Лазаров

Жално, многу жално. Андреј Лазаров, фудбалерот на Шкупи почина во болницата во Штип каде беше пренесен утринава по трагедијата во Кочани.

Лазаров имаше само 25 години. Тој бил еден од хероите кои ги спасувал животите на луѓето кои биле во запалената дискотека.

Лазаров немал потешки изгореници ама вдишувал од чадот што бил присутен во просторијата и тоа било пресудно.

Инаку Лазаров низ својата кариера играше за Металург, Работнички, Тиквеш, Рудеш, Горица и Шкупи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести