Почина германскиот хокеар кој летоска даваше голови на СП

Тажна вест одекна во германскиот спорт откако на 26 години почина хокејскиот репрезентативец Тобијас Едер. Се работи за одличен хокеар кој беше дел и од Светското првенство кое се играше минатото лето. Едер посебно се истакна на дуелот против Словачка, кога Германија победи со 6:4.

За жал, во август му беше констатиран малиген тумор, а потоа започнал процесот на лекување, но залудно. Неговиот клуб Еисбаерн Берлин синоќа ја соопшти тажната вест, а се огласија и од Хокеарскиот сојуз на Германија.

„Ќе го паметиме по многуте забавни, убави и посебни моменти. Му благодариме на времето кое го поминавме заедно“, стои во пораката од Хокеарскиот сојуз на Германија.

Ракот му е дијагностициран неколку недели по завршувањето на Светското првенство. Дијагнозата е поставена сосема случајно, за време на редовниот рутински претсезонски преглед во клубот.

„Шокирани сме, ова е голема жал, запрепастени сме. За жал, Тоби не успеа да ја добие својата најтешка борба. Драг Тоби, ќе ни недостасуваш. Секогаш кај сите измамуваше насмевки на лицето и секогаш таков ќе те памтиме“, стои во соопштението на неговиот клуб.

Следниот меч на тимот на Еисбаерн Берлин е откажан затоа што хокеарите не се чувствуваат подготвени да играат.

- Оглас -

Најнови вести