Големата легенда на светската атлетика Ли Еванс почина од мозочен удар на 74-годишна возраст во Лагос, Нигерија. Поранешниот светски рекордер, чиј резултат на 400 метри траеше две децении од 1968 до 1988 година, беше голем борец за човековите права.
Во Мексико сити на Олимписките игри освои две злата на 400 метри со светски рекорд од 43.86 и на 4Х400 со американската штафета. И двата рекорди траеја над две децении.
По завршувањето на кариерата беше атлетски тренер во над 20 земји, како вистински глобтротер и промотор на кралицата на спортовите. Еванс беше еден од основачите на Олимпиското движење за човекови права и до смртта се бореше за напредок на ова поле.