Ватару Мисака почина на 95-годишна возраст во Солт лејк сити, а професионалната кошарка во Америка го загуби пионерот, кој придонесе да се смени колоритот во најсилната професионална лига на светот, денеска позната како НБА.
Ватару е роден во САД, но е првиот кошаркар што има потекло од Азија и од жолта раса што играл во тогашната БАА, која подоцна беше преименувана во НБА-лига.
Мисака во 1947 година беше избран од Њујорк никс како 61-ви пик на драфтот во професионалната лига, тогаш БАА, како прв играч што не е од белата раса.
Секако, патем беше и првиот кошаркар од Азија што настапуваше во БАА, а иако одигра само три меча за Никс, придонесе да се смени колоритот во најсилната професионална баскет лига на светот.
Мисака имаше повеќе успеси како играч во НЦАА, или колеџ кошарката, и со Јута ја освои титулата во 1944 година, а три години подоцна беа шампиони и на Националниот шампионат победувајќи го престижниот Кентаки универзитет.