Почина големата светска легенда на атлетиката, Ненад Стекиќ на 71-годишна возраст. Некогашниот најдобар европски атлетичар во скок во далечина, кој долго го имаше вториот најдобар резултат со скок од 8,45 метри во Монтреал долхо боледуваше и во последно време тешко говореше и не можеше да се движи.
Стекиќ трипати беше европски вицешампион, а во Монтреал во 1975 година скокна до неверојатна далечина од 8,45 метри. Тогаш тоа беше втор најдобар скок, по светскиот рекорд на Боб Бимон со далечина од 8,90 метри.
Стекиќ во кариерата имаше дури 144 скока над 8 метри што и денеска е европски рекорд.