Финансиските проблеми со кои што се соочува Челзи никако да запрат, а фудбалерите полека го губат трпението.
Играчите иако имаат редовни примања на платите, сепак неизвесноста околу нивната иднина во клубот кој нема право на продолжување на соработката со нив, ги тера да си ги „пакуваат“ куферите.
Прв што ќе замине е Антонио Рудигер, играч кој што изминативе години е еден од најдобрите во тимот и столб на одбраната на сините од Лондон. „Газета Дело Спорт“ пишува дека Рудигер, чиј договор со Челзи истекува летово, постигнал договор со Јувентус.
Старата дама на германскиот репрезентативец ќе му понуди четири годишен договор, со примања од шест милиони евра по сезона.