Почнаа проблемите – Клоп ќе им забрани на играчите настап за репрезентациите

Почнаа проблемите што се сериозни за репрезентациите во пресрет на мартовските квалификациски мечеви за настап на Мундијалот во Катар, а Јирген Клоп јавно објави дека нема да ги пушти играчите ако има задолжителен карантин.

„Мислам дека и челниците на ФИФА јасно кажаа дека имаме право да не ги пуштиме играчите да настапат во квалификациите ако потоа има карантин. Таквата варијанта е неприфатлива и невозможна за клубовите.

Јасна ни е потребата на фудбалските федерации да ги имаат сите фудбалери на располагање за мечевите на репрезентациите, но сите не можат да бидат среќни и задоволни во вакви ситуации. Клубовите ги плаќаат играчите и за нив тие се приоритет“, изјави Клоп.

Со големи проблеми може да се соочи и македонската репрезентација за мартовските натпревари против Романија на 25, потоа и со Лихтенштајн на 28 и со Германија на 31 март.

 

 

- Оглас -

Најнови вести