Со дуелот Индијана – Милвоки од 19 часот, вечерва започнува плејофот во НБА лигата и борбата за титулата која ќе трае додека некој тим не дојде до 16 победи во разигрувањето, по четири во секое плејоф коло, три конференциски и големото финале.
Според квотите во Sport Life, домашните екипи се фаворити на хартија на секој од четирите меча кои се играат вечерва пред и после полноќ.
На Истокот, се среќаваат Индијана и Милвоки, Бакс предводени од Јанис Адетокумбо се надеваат дека конечно после 2022 година ќе победат во една плејоф серија. Пејсерс лани беа финалисти на Истокот, па посакуваат повторување на тој успех, зошто да не и чекор понапред. Лани Индијана ги елиминираше Елените.
Њујорк и Детроит ќе се потсетат на времињата од пред 40 години кога водеа големи плејоф битки. Пистонс по подолго време се враќа во плејофот.
На Западот, со плејоф почнуваат двата тима од Лос Анџелес. Лејкерс играат со Минесота и ова ќе биде првпат Лука Дончиќ да заигра за Езерџиите во плејоф, додека Клиперс кој регуларната сезона ја заврши со 8 победи по ред, гостува кај Денвер на Никола Јокиќ во можеби еден од најинтересните дуели во првото коло.
Во богатата понуда на Sport Life имате многу опции, може да се обложите и на број на поени, скокови и асистенции на голем број играчи, но има и други игри како победник во плејоф серијата, колку мечеви (под или над хендикеп границата) ќе се одиграат во секоја серија, колку точно мечеви, точен резултат во серијата, итн.