Почнува нов циклус во Лигата на нациите, а мисија е иста – пласман на ЕП! (фотогалерија)

Македонската фудбалска репрезентација утре ги стартува обврските во новиот циклус во Лигата на нациите. Со гостувањето во Разград, против селекцијата на Бугарија ќе се бркаат првите бодови кои ќе бидат од голема важност за остварување на старо-новата мисија, а тоа е нов пласман на Европското првенство.

Попладнево Рисовите го одржаа последниот подготвителен тренинг и може да се заклучи дека нашите фудбалери се подготвени и мотивирани да ни донесат радост.

За потсетување, натпреварот Бугарија – Македонија е закажан за утре во 18 часот.

- Оглас -

Најнови вести